Како што пренесува угладниот германски весник „Кикер“, Борусија Дортмунд ова лето би можела да остане без половина тим.
Оваа сезона е неуспешна за „милионерите“, тимот нема никаков напредок, сигурно ќе биде донесен нов тренер, а составот ќе претрпи значителни промени.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наблиску до заминување се Шмелцер, Шахин и Шурле. На нив тројцата наводно веќе им била покажана излезната врата, но бројот на фудбалери кои можат да заминат ова лето би можел да биде и двоцифрен.
Во групата на фудбалери кои можат да заминат се Кастро, Дурм, Гуереро, Исак, Роде, Јулијан Вајгл, Бартра и Толијан, а исто така и капитенот Сократис размислува за промена на средината.
Раководството ќе се обиде да се договори со Челзи за да го откупи Мучу Батчуаи, а сигурно во тимот ќе останат и најголемите ѕвезди, Пулишиќ, Геце и Марко Ројс.