Реал Мадрид сака да ја искористи ситуацијата во Манчестер Сити и да им ја „украде“ една од најголемите ѕвезди во тимот.
„Граѓаните“ добија суспензија од страна на УЕФА за двегодишна суспензија во Лигата на шампиони, па медиумите тврдат дека тоа ќе доведе до заминување на некои ѕвезди од тимот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид сака да ја искористи таквата ситуација и спремил неверојатна понуда за Рахим Стерлинг од 200 милиони евра.
Англичанецот има договор со Манчестер Сити до 2023 година, а медиумите шпекулираат дека „граѓаните“ сакаат да му понудат нов договор со кој би станал еден од најплатените играчи на светот.
Меѓутоа, поради новонастанатата ситуација Стерлинг е спремен да го одбие новиот договор и да ја промени средината.
„Кралевите“ веќе подолго време се заинтересирани за Англичанецот и уште минатото лето се обиделе да го донесат во Мадрид.