Екипата на Реал Сосиедад го објави списокот на фудбалери со кои ќе гостува во Скопје против Вардар во третото коло од Лига Европа.
Шпанскиот тим ќе биде десеткуван за гостувањето во Скопје бидејќи нема да може да смета на шестмина првотимци поради повреда. Во тимот ќе ги нема Хуан Мигел Хименез и Алваро Одриозола, а исто така нема да настапат и Мартинез, Зурутуза, Гуриди, Хуанми и Агритече.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во секој случај, Реал Сосиедад доаѓа со доволно квалитетен состав, во тмот се враќа Ињиго Мартинез, а најзвучно име во тимот секако е Аднан Јанузај.