Управата на Реал се сретна со претставниците на навивачката група „Града Фанс“ во желба да се смират тензиите на реалција навивач-клуб.
Навивачите за саботниот натпревар против Ваљадолилд најавија протест разочарани од играта на тимот и однесувањето на капитенот Серхио Рамос (тука).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ова е тимот кој ја освои Лигата на шампионите и сега кога ни е најтешко, потребна ни е вашата поддршка. Молчењето не е опција“, наводно им порачале луѓето од таборот на Реал на претставниците на навивачите група на состанокот во Мадрид.
Навивачите на Реал наводно размислувале и за алтернативен начин, па не е невозможно трибината зад голот во саботниот натпревар да биде празна, а членовите на оваа група да бидат сместени на различни места на стадионот.
Иначе станува збор за група која после распуштањето на „Ултрас Сур“ остана главна на навивачка група која е поврзана со клубот.