Аштраф Хакими е еден од најдобрите десни бекови во светот, а тоа го покажа и со своите партии за Мароко на Мундијалот.
Десниот бек беше дел од младинските категории на Реал Мадрид, играше за Реал Мадрид Кастиља, меѓутоа никогаш не доби вистинска шанса во првиот тим на „кралевите“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Одличен беше на позајмицата во Борусија Дортмунд, но ниту тоа не беше доволно Реал да го купи. Ситуацијата ја искористи Интер кој го доведе и после една година го продаде во Париз за 70 милиони евра.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал сака да ја поправи грешката, а и самиот Хакими е спремен да се врати во Мадрид.
Мароканецот дал до знаење дека е спремен да прифати и намалување на платата за да го облече „кралскиот“ дрес.
🚨🎖| ‘Hakimi would be delighted to return to Madrid, he’s a big Madridista, he’ll even take a pay cut’ sources close to Hakimi’s entourage tell @Rodra10_97.
— Madrid Xtra (@MadridXtra) December 14, 2022