Актуелниот европски шампион Реал Мадрид ќе ја објави разделбата со Кристиано Роналдо во вторник, пренсуваат италијанските медиуми.
Големиот датум на кој Кристиано Роналдо ќе стане фудбалер на Јувентус е 10-ти јули. Тогаш се очекува претседателот на „кралевите“ Флорентина Перез да објави крај на ерата на Португалецот на „Сантиаго Бернабеу“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Медиумите во Италија и Шпанија пренесуваат дека претседателот Перез настојува Роналдо јавно да објави дека одлуката за заминување е лично негова.
Зделката официјално ќе биде објавена во вторник, а Реал сака да се прости од Португалецот во голем стил.
Јувентус за неговиот потпис ќе плати 100 милиони евра на Реал Мадрид и додатни 25 милиони евра на Жорге Мендеш како процент од трансферот.
Is Cristiano #Ronaldo's transfer to #Juventus getting closer? The key date could be Tuesday. https://t.co/wUDKKv0lop #RealMadrid pic.twitter.com/3f9RaAfR4f
— Football Today (@FTdotnews) July 8, 2018