Давид Алаба пред една година стигна во Реал Мадрид како слободен фудбалер, па сега би можел да одигра голема улога во ангажман на Серж Гнабри од Баерн Минхен.
Гнабри има договор со Баерн до 2023 година, но засега не е сигурен дека сака да стави потпис на нова соработка со шампионот на Германија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Баерн има цел да ги задржи Роберт Левандовски и Гнабри за следната сезона, но ситуацијата дополнително почна да ја комплицира и Алаба. Проблемот е тоа што Баварците немаат соодветна замена за фудбалерот кој ја одбележа минатата сезона, кога под водство на Ханси Флик освои речиси сè.
Во следниот период се очекува епилог од ситуацијата, а воедно и приказната за полскиот напаѓач, кој се поврзува и со трансфер во Барселона.