Дома Трансфер зона Гвардиола спрема понуда за Гнабри

Гвардиола спрема понуда за Гнабри

Манчестер Сити е силно заинтересиран за ѕвездата на Баерн Минхен и германски репрезентативец Серж Гнабри.

Гнабри има договор со Баерн до 2023 година, но засега не е сигурен дека сака да стави потпис на нова соработка со шампионот на Германија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради тоа доколку не го продолжи договорот, Баерн ќе мора да го продаде ова лето за да не им се повтори случајот Алаба.

 Манчестер Сити има план да го продаде Рахим Стерлинг во Челзи и со парите да го финансира трансферот на Гнабри.

Германецот дел од кариерата ја мина во Англија каде настапуваше за Арсенал и за Вест Бромвич Албион, па Гвардиола смета дека идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.

Интерес за Гнабри покажува и Реал Мадрид, но Сити наскоро ќе преземе конкретни чекори и да испрати понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Еден од најбараните Бразилци има специјална клазула, но важи до 1. јули

Фудбалерот од средниот ред на Њукасл, Бруно Гимараеш е на мета на бројни клубови, а изглед…