Дома Топ вести Реал Мадрид фаворит за потписот на Рудигер

Реал Мадрид фаворит за потписот на Рудигер

Реал Мадрид е во напредни преговори со дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер, пренесува „Марка“.

28-годишниот дефанзивец влезе во последната година од договорот со Челзи, а двете страни се далеку од договор во моментов.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Сините“ сакаат да го задржат, но Рудигер има високи финансиски барања, па преговорите не течат во добра насока.

Ситуацијата ја следат неколку европски гиганти, кои сакаат да го донесат дефанзивецот во своите редови како слободен агент следното лето.

Меѓутоа, Реал Мадрид е фаворит за неговиот потпис бидејќи испратил најдобра понуда до агентот на Германецот.

„Марка“ пренесува дека двете страни наскоро ќе го дефинираат договорот и Рудигер на лето како слободен агент ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Усик го доби спектаклот во Ријад – боксот по 25 години има апсолутен светски шампион!

По вечерашниот спектакл во Ријад добивме нов апсолутен светски шампион во бокс. Неговото и…