Дома Фудбал Реал Мадрид уште еднаш ја покажа својата големина!

Реал Мадрид уште еднаш ја покажа својата големина!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид уште еднаш ја покажа својата големина и активно се вклучи во борбата со коронавирусот во шпанската престолнина.

Мадрид е меѓу најзагрозените региони во Шпанија, а тамошните власти открија дека Реал Мадрид дава свој допринос во борбата со пандемијата.

„Благодарност до Реал Мадрид за многу важната помош во борбата со коронавирусот и во спасувањето на човечки животи. Претседателот Флорентино Перез достави голема донација на санитарни материјали“, открија од општината без да прецизираат за колкава финансиска помош станува збор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан не го пушта Страхиња и му подготвува одлична понуда

Познатиот Милан му понуди на српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ нов договор со дво…