Дома Трансфер зона Реал Мадрид се вклучи во трката за Бенасер

Реал Мадрид се вклучи во трката за Бенасер

Плејмејкерот на Милан, Исмаил Бенасер ова лето ќе биде еден од најбараните на трансфер пазарот, а последен клуб кој се приклучи во трката за неговиот потпис е Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


ПСЖ и Манчестер Сити од поодамна се интересираат за потписот на Алжирецот, а сега добија голема конкуренција.

Алжирецот на минатиот Афрички Куп на Нации беше прогласен за најдобар на турнирот после што за 16 милиони евра премина од Емполи во Милан.

Бенасер сезонава одигра 23 натпревари за Милан и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Медиумите тврдат дека играчот во договорот има откупна клаузула од 50 милиони евра, па заинтересираните клубови ќе мора да ја платат таа сума ако го сакаат неговиот потпис, бидејќи Милан нема намера да го продаде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…