Герет Бејл веројатно ова лето ќе го напушти Мадрид. Не играше многу во претходната сезона, но шанса доби во финалето на ЛШ и постигна два гола од кој еден спектакуларен. Веќе по натпреварот најави дека добро ќе размисли каде ќе ја продолжи кариерата.
Нормално, понуди за него нема да недостигаат, а за сега најсериозни кандидати за неговиот потпис се Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Како што пренесува ABC, Реал Мадрид за сите клубови кои го сакаат во своите редови одреди занимлива цена – 222 милиони евра. Нормално, во прашање е симболична цена, бидејќи за таа цена Нејмар минатото лето премина од Барселона во ПСЖ.
Да потсетиме, Бејл во текот на минатата сезона одигра вкупно 39 натпревари во сите натпреварувања и постигна 21 гол.