Селекторот Златко Далиќ пред неколку дена го објави составот на Хрватска за Лигата на Нации, а на голема радост на него беше и Лука Модриќ.
Но, ваквата ситуација не им се допадна на луѓето во Реал Мадрид. Модриќ на 38-години по неуспешниот настап на Европското првенство одлучи да остане дел од репрезентацијата, а тоа значи дека го чекаат шест натпревари во три месеци во Лигата на Нации.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Таквата ситуација за Реал е проблем затоа што пред „кралевите“ е една oд најдолгите сезони во која треба да одиграат и до 70 натпревари.
Во Реал стравуваат дека со поголем број натпревари Модриќ нема да биде во најдобра форма за клупските предизвици, па затоа би можеле да побараат да има балансирана минутажа.