Пред четири години Родригез и Навас, денес Квинтеро….
Не беше баш анонимус, но веројатно и не знаеа сите колку е добар. И тогаш шест голови на Мундијалот во Бразил за преку ноќ Хамес Родригез да стане најбаран играч на планетата, Реал не се двоумеше, плати сума од 75 милиони ева и ја доведе ѕвездата на претходниот Мундијал.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега би можеле да видиме слична ситуација.
Мадритски „Ас“ пишува дека претседателот Флорентино Перез ги контактирал застапниците на Хуан Фернандо Квинтеро, без сомневање еден од најдобрите играчи на Колумбија кој прикажа два одлични настапи во првите две кола.
Реал реагираше, иако се уште не е познато какви чекори превземал. Можеби Реал Мадрид изгледа како преголем чекор за Квинтеро? Како тинејџер го споредуваа со Меси и Марадона – стандардна приказна во Јужна Америка, но еве веќе има 25 години, пет години играше во Европа, не се прослави и се врати во Ривер на едногодишна позајмица од само 300.000 евра!? Ако Ривер сака да го откупи на Порто ќе мора да плати четири милиони евра. Вистинска ситница во денешниот фудбал.
Реал и да ја дуплица цената се би вратил преку маркетингот…
Новиот тренер на Реал Мадрид, Хуан Лопатеги добро ги знае квалитетите на Квинтеро бидејќи го знае од Порто. Кај него Квинтеро играше иако тогаш имаше само 21 година. Подоцна работите за фудбалерот тргнаа во надолна линија…