Бразилскиот фудбалер Марсело (30) многу веројатно ја игра последната сезона во дресот на Реал Мадрид, очекувањата се да го напушти клубот после 12 години.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Одличниот 30 годишен фудбалер игра навистина лоша сезона и беше прогласен за главен виновник во некои од натпреварите на Реал Мадрид.
Поради тоа, но и поради повредата која ја имаше Сантијаго Солари во последните неколку натпревари го остави Марсело на клупата за резерви.
Весникот „АС“, кој е близок до Реал Мадрид тврди е разочаран од моменталниот статус и донел конечна одлука да го напушти Реал Мадрид. Неговите менаџери минатата недела имале два состаноци со раководството на „кралевите“ и побарале играчот да биде ставен на трансфер листа.
Бразилецот претпочита трансфер во Јувентус, каде повторно би играл заедно со својот голем пријател и поранешен соиграч Кристиано Роналдо. Уште од летото се зборува дека „старата дама“ има сериозен интерес за потписот на 30-годишниот лев бек.
Реал нема да му стои на патот и ќе го пушти да замине доколку пристигне понуда од 50 милиони евра, па веќе почна да ја бара неговата замена. Меѓутоа, се поактуелна е можноста за трампа помеѓу Алекс Сандро и Марсело.
„Калчомеркато“ пренесува дека „старата дама“ е спремна да го понуди Алекс Сандро на „кралевите“, кои пак во него гледаат идеална замена за Марсело.
L'evidente involuzione di Alex Sandro: ma è un top player? E Marcelo spinge… https://t.co/Y87eE1Lxio pic.twitter.com/Y26o5QqTqt
— calciomercato.com (@cmdotcom) February 25, 2019