Дома Трансфер зона Реал Мадрид и ПСЖ го сакаат синот на Турам

Реал Мадрид и ПСЖ го сакаат синот на Турам

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Кралскиот“ клуб во 20-годишниот Французин гледа идеална алтернатива за Каземиро во средниот ред. Од друга страна ПСЖ сака да го донесе францускиот талент во Париз.

Кефрен е син на легендарниот француски дефанзивец Лилијан Турам и брат на напаѓачот на Борусија Мехенгладбах, Маркос Турам.

Кефрен оваа сезона игра фантастично во дресот на Ница, запиша 37 настапи на кои постигна 4 гола и 3 асистенции.

Тој се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во француското првенство, па Реал и ПСЖ ќе водат битка за неговиот потпис на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…