Турскиот репрезентативец Арда Ѓулер импресионираше на крајот од минатата сезона со настапите во Реал Мадрид, иако многумина мислеа дека Карло Анчелоти го отпишал. Јасно е дека Анчелоти сега посериозно ќе смета на Ѓулер, но сега се шпекулира дека тој би можел да го напушти Мадрид.
Реал Мадрид пред една година одвои 20 милиони евра за да го доведе Ѓулер од Фенербахче, иако овој млад играч од средниот ред веќе имаше сè договорено со Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неговиот престој во Мадрид не беше баш идеален бидејќи во првиот дел од сезоната имаше проблеми со повреди, поради што се пишуваше дека Анчелоти веќе го отпишал и дека сигурно е дека Ѓулер ќе оди на позајмица.
Сепак, тој доби шанса на крајот од сезоната, која фантастично ја искористи и го покажа својот потенцијал, што драстично го промени неговиот статус во Реал.
Помогнаа и одличните игри за Турција на ЕП, а веќе е јасно дека Анчелоти во новата сезона многу посериозно ќе смета на Ѓулер, но дека нема да има улога во првиот тим како што беше најавено.
Целта на Ѓулер отсекогаш била јасна, а тоа е да се бори со минути во Реал, а на стартот ги отфрли сите опции, вклучително и да оди на позајмица.
Денеска шпанските медиуми ги изненадија сите со информацијата дека следното лето може да има спектакуларен трансфер на Арда Ѓулер.
Голем интерес за Турчинот покажал Манчестер Јунајтед, но англискиот клуб наводно сака да почека до наредното лето кога ќе тргне во акција. Сепак, секако дека многу зависи од тоа каква сезона ќе има Ѓулер во Мадрид.
Јунајтед го следеше Ѓулер додека тој играше за Фенер, а на „Театарот на соништата“ веруваат дека Турчинот би можел да биде нивна нова ѕвезда. Свесни се дека на Реал ќе му биде тешко да го пушти, но веќе му подготвуваат спектакуларна понуда.