Напаѓачот на Ремс, Уго Екитике е новата француска ѕвезда која го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Екитике има само 19 години, а оваа сезона блесна во дресот на Ремс каде постигна 11 гола и запиша 3 асистенции.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Скаутите на многу европски гиганти ги следат неговите настапи, а експертите му предвидуваат голема кариера.
Екитике е централен напаѓач, но може да игра и како крило, а најсилен интерес за него покажува Реал Мадрид.
Анчелоти бара млад напаѓач кој ќе биде замена за Бензема и да го наследи Французинот од следната сезона.
🚨🥇| Real Madrid are interested in Hugo Ekitike. @lequipe pic.twitter.com/yi5Rc7xlc4
— Madrid Xtra (@MadridXtra) June 21, 2022