Дома Топ вести Реал испрати нова понуда за Мбапе

Реал испрати нова понуда за Мбапе

Реал Мадрид испрати втора официјална понуда за ѕвездата на Пари Сент Жермен, пренесуваат светските медиуми.

„Скај Спорт“ пренесува дека новата понуда од Реал изнесува 170 милиони евра, додека „Паризиен“ тврди дека понудата е 180 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кралевите“ вчера испратија прва понуда од 160 милиони евра, која експресно беше одбиена бидејќо ПСЖ бара 200 милиони за слободата на Мбапе.

Меѓутоа медиумите се оптимисти дека двата клуба наскоро ќе најдат заеднички јазик бидејќи Мбапе инсистира да се пресели во Мадрид, а „светците“ не сакаат да го загубат без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…