Дома Трансфер зона Реал има план „Б“ ако не успее со Азар но навивачите нема да бидат воодушевени

Реал има план „Б“ ако не успее со Азар но навивачите нема да бидат воодушевени

hazard

Белгиецот Еден Азар е главна желба на Реал Мадрид во летниот преоден рок.

Шпанските медиуми неодамна објавија дека Белгиецот во телефонски разговор со тренерот Зинедин Зидан искажал желба да премине во Реал Мадрид, се појавија одредени проблеми и преговорите наводно сега се во застој.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Кралевите“ не сакаат ништо да препуштат на случајот. Според информациите веќе спремиле план „Б“ во случај Азар да не дојде. Тој план „Б“ наводно се вика Фелипе Андерсон.

Одличниот бразилски офанзивец игра одлично во дресот на Вест Хем. Очигледно дека таквите игри не поминаа незабележеано, па 25 годишниот Андерсон би можел да го направи трансферот на кариерата.

Сепак се зависи од тоа што ќе се случи со Азар. Ако преговорите дефинитивно пропаднат. Бразилецот ќе тргне на пат кон Мадрид, а Реал Мадрид ќе мора да издвои 75 милиони евра, двојно повеќе отколку што за него плати Вест Хем минатото лето.

Фелипе Андерсон важи за еден од најголемите бразилски таленти. Од Сантос пристигна во 2013 година во Лацио каде што играше многу добро и постигна 33 гола и запиша 41 асистенција на 176 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…