Дома Фудбал Реакцијата на Роналдо кога му кажаа дека треба да плати 20.000 евра – нормално (ВИДЕО)

Реакцијата на Роналдо кога му кажаа дека треба да плати 20.000 евра – нормално (ВИДЕО)

Кристиано Роналдо избегна суспензија во четвртфиналето од Лигата на шампиоите против Ајакс.

Роналдо после прославата на третиот погодок во реваншот од осминафиналето против Атлетико Мадрид одлучи да „му врати“ на Диего Симеоне и му испрати провокација со тоа што прослави со фаќање за меѓуножјето.

УЕФА одлучи да му прогледа низ прсти на Португалецот го казни само со парична казна од 20.000 евра за провокативната прослава.

Новинарите на „АС“ во текот на натпреварот помеѓу Португалија и Србија ја искористија приликата да го прашаат Роналдо што мисли за суспензијата.

Напаѓачот на Јувентус беше изненаден од прашањето, а откако размисли неколку секунди одговори – Нормално.

Јасно е дека покрај милионите кои ги има собрано во својата кариера оваа казна буквално не е ништо за Португалецот, па од таму и неговата ваква реакција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Керик го остави Бруно на клупа по јавните критики за тактиката!

Фернандеш не е стартер против Борнмут, откако ја доведе во прашање тактиката при поразот о…