Пред крајот на ланската година кога Лионел Меси ја доби „Златната топка“ во изборот на „Франс Фудбал“, имаше многу реакции, а од Минхен посебно реагираа дека таа награда требало да заврши кај Роберт Левандовски.
И сетоа ова немаше сега да биде повторно актуелно ако не беше изборот за играч на сезоната во Баерн. Навивачите критикуваа и сметаа дека на Левандовски му е украдена наградата, меѓутоа сега не го избраа Левандовски за најдобар во сезоната во Баерн.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Левандовски се изнадава голови, но наградата за играч на сезоната заврши кај Томас Милер. Во минатата сезона полскиот голгетер постигна 50 голови на 46 натпревари и во гласањето освои само 18% од гласовите.
Сигурно дека на ваквиот резултат големо влијание има тоа што тој изрази желба да си замине од Баерн, да не беше така веројатно и ќе победеше во изборот. Милер наградата ја доби со освоени 26% од гласовите.