Дома Македонски спорт Рајо нема да попушти: Барселона знае колку треба да плати за Димитриевски

Рајо нема да попушти: Барселона знае колку треба да плати за Димитриевски

Шест милиони евра изнесува откупната клазула во договорот на Столе Димитриевски со Рајо Ваљекано.

Рајо нема намера да преговара за помала сума и Барселона ако го сака ќе мора да плати шест милиони евра. Целата сума нема да заврши во Рајо, дел од парите ќе одат и во Гимнастик кој има процент од продажбата на македонскиот голман.

Во овој момент Рајо е на одличното четврто место на табелата и не сака лесно да се откаже од Димитриевски. Ќе потсетиме, Димитриевски сезонава има 80% успешност на одбранети удари во Ла Лига и со тоа е врвот во овој сегмент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…