Дома Фудбал Останато Рајан Гигс во Виетнам пронајде нова работа

Рајан Гигс во Виетнам пронајде нова работа

gigs

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс пронајде нова работа.

Гигс во иднина ќе биде спортски директор на фудбалската академија во Виетнам каде што ќе патува два пати годишно.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Да потсетиме, поранешниот офанзивец на Манчестер Јунајтед по завршувањето на активната играчка кариера во 2014 година на четири натпревари привремено ги предводеше „црвените ѓаволи“, за подоцна да стане асистент на Луис Ван Гал на „Олд Трафорд“.

43 годишниот Гигс ќе стане спортски директор на промотивниот фонд за виетнамски фудбалски таленти каде што ќе биде задолжен за тренинзите на фудбалерите, но и обуката на тренерите.

Гигс со Виетнамците потпиша договор на четири години, а се очекува следната недела да отпатува на новата работа. На церемонијата се очекува да присуствува и поранешниот соиграч на Гигс, Пол Сколс кој ќе биде специјален гостин.

Одличниот Велшанец во октомври изјави дека е заинтересиран за работа во Премиер лигата, но сепак не успеа да пронајде ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …