Раководството на Интер ќе се обиде да го задржи во тимот Рафиња, кој во јануари пристигна на „Џузепе Меаца“ на позајмица од Барселона.
Во договорот стои клаузула дека „нероаѕурите“ ќе можат да го откупат Рафиња на крајот на сезоната за 35 милиони евра, но таа сума е превисока за италијанскиот клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Медиумите во Италија пренесуваат дека раководството на Интер започнало преговори со Барселона за намалување на цената, а во прилог им оди фактот што самиот Рафиња преферира да остане во Милано.
Рафиња за брзо време се своите игри стана миленик на навивачите, па спортскиот директор Пјеро Аусиолио ќе се обиде да ги убеди Каталонците да ја намалат цената на плејмејкерот.