Дома Трансфер зона Рафиња: Во Интер сум среќен, сакам да останам!

Рафиња: Во Интер сум среќен, сакам да останам!

Играчот за врска на Интер, Рафиња Алкантара уште еднаш испрати јасен сигнал до раководството на клубот дека сака да остане на „Џузепе Меаца“.

Рафиња пристигна во Интер во јануари на шестмесечна позајмица од Барселона, а „нероаѕурите“ имаат право да го откупат за сума од 35 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, Интер тешко ќе може да ја одвои таа сума, особено ако не обезбеди пласман во ЛШ, па најверојатно ќе сака да постигне нов договор со Каталонците.

„Знам дека не зависи од мене, но сакам да останам во Интер, бидејќи тука се чувствувам одлично. Барселона е мојот дом, но во Интер сум среќен и имам фантастични соиграчи“, истакна Рафиња.

„Пристигнав пред само неколку месеци, но се чувствувам како да сум во Интер со години. Сакам да му се заблагодарам на Маури Икарди, го познавам од 16 години. Тој ми помогна брзо да се интегрирам во тимот и да се привикнам на италијанскиот фудбал. Клубот има доверба во мене од самиот почеток, се надевам дека ќе останам“, додаде Рафиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…