Шансите Рафаел Надал да заигра на Австралија Опен се сведени на минимум.
Шпанскиот ас објави дека е позитивен на коронавирусот со кој се заразил во Абу Даби каде што тренираше во претходните денови и настапи на егзибиционен турнир. По враќањето во Шпанија на Надал му бил направен тест на коронавирус кој покажал дека е позитивен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Процедурата е позната, Надал ќе мора во карантин, ќе мора да мирува и нема да може да тренира. И онака Шпанецот не беше сигурен дали ќе игра во Мелбурн, а сега шансите за такво нешто се дополнително намалени.
„Сакам да објавам дека се тестирав по враќањето дома од Абу Даби и ПЦР тестот на ковид ми е позитивен. Поминувам низ некои не баш пријатни моменти, но верувам дека ќе се опоравам чекор по чекор. Сега сум дома во карантин и ги известив сите лица со кои бев во контакт“, порача Надал.