Дома Трансфер зона Рафаел Варан е прескап за Манчестер Јунајтед

Рафаел Варан е прескап за Манчестер Јунајтед

Пред неколку дена шпанските медуми пренесоа дека Рафаел Варан размислува за промена на средината, а сега тврдат дека веќе ја започнал потргата по нов клуб.

Реал Мадрид наводно не може да го убеди Французинот да ја промени одлуката и е спремен да ги слушне понудите за него, но „кралевите“ сигурно нема да му дозволат да замине за помалку од 80 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Има само малку клубови во Европа кои се во можност да ја платат оваа сума, па на Варан ќе му биде тешко да пронајде нов клуб.

Варан во претходните денови се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, а шпанските медиуми пишуваат дека братот и агент на дефанзивецот разговарал со англискиот клуб, и им соопштил дека играчот е спремен да се пресели на „Олд Трафорд“.

„Кралевите“ бараат 80 милиони евра, но Јунајтед не е подготвен во моментов да плати толку многу пари за стоперот, зашто Калиду Кулибали од Наполи е нивна најголема желба.

Притоа, Французинот побарал и висока плата, па тешко дека „црвените ѓаволи“ ќе се согласат на сите тие услови, иако не ја затвориле целосно вратата за негово доаѓање на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…