Дома Фудбал Раул тренер на Столе Димитриевски?

Раул тренер на Столе Димитриевски?

Тренерот на Реал Мадрид Кастиља, Раул Гонзалес би можел да го напушти клубот бидејќи има понуда од Ла Лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите на шпанските медиуми, Гетафе е спремен да го доведе доколку Хорхе Бордалас го напушти клубот што не е исклучено и покрај обезбедениот опстанок. Сепак, Гетафе не е единствениот заинтересиран бидејќи го контактираше и Рајо Ваљекано каде што брани македонскиот голман Столе Димитриевски.

Местото на Раул ќе биде загрозено доколку Реал Мадрид Кастиља не обезбеди пласман во втората лига што е се помалку извесно. Барселона Атлетик ги победи со 4:2 во плеј-офот од првиот натпревар, па во директниот дуел клубот од Мадрид треба да надополни два гола за враќање во втората лига.

Претходно се споменуваше Раул како замена за Карло Анчелоти, но од тоа никогаш не стана нешто посериозно, затоа што и Анчелоти остана во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милиони потписи за исклучување на Аргентина од Светското првенство

Повеќе од пет милиони луѓе веќе учествувале во петицијата, која има за цел исклучување на …