Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез денес го скрати списокот на играчи кои ќе патуваат на Европското првенство во Хрватска.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанецот од првиот список избриша седум имиња: Дарко Димитриевски, Марко Нелоски, Јане Цветковски, Мартин Серафимов, Марио Танкоски, Стефан Дрогришки и Мартин Манасков.
Список на ракометари за ЕП во Хрватска:
Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Немања Прибак, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Аце Јоновски, Велко Марковски, Горан Крстевски, Мартин Велковски.
Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Мартин Поповски
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски
Селекторот првиот собир го закажа за 25.декември во 16:30 часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.