Дома Фудбал Англија Рангник: Тен Хаг ќе каже кои играчи ќе останат

Рангник: Тен Хаг ќе каже кои играчи ќе останат

Ралф Ранхник изјави дека ќе зборува со својот наследник Ерик тен Хаг за иднината на некои фудбалери во Манчестер Јунајтед, но откако ќе заврши сезоната.

„Ќе зборуваме со Тен Хаг на крајот на сезоната. Сега сме сконцетрирани целосно на останатите натпревари. На него му остануваат три меча и тој ќе направи се што е можно за да ја освои титулата во Холандија. Кога ќе заврши сезоната се договоривме да зборуваме за се“, изјави Рангник.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Сигурно ќе има промени следната сезона, бидејќи на некои играчи им истекува договорот. Потоа со раководството ќе разговараме кои играчи ќе си заминат. Ерик треба да каже со кои играчи сака да работи“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…