Ралф Рангник ќе биде менаџер на Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната, а потоа ќе остане во клубот да работи како советник за трансфери.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Германецот откри дека веќе му предложил неколку имиња на клубот за трансфери и истакна дека 3,4 засилувања нема да бидат доволни.




„Нема значење каква ќе биде формацијата и каков стил ќе игра новиот тренер. Јунајтед има потреба од засилувања и јас веќе им предложив неколку имиња на директорите“, откри Рангник.




„Според мене само тројца-четворица нови засилувања нема да бидат доволни, ако погледнеме колку многу тимот треба да се подобри. Треба да имаме во предвид и колку фудбалери ќе заминат бидејќи има неколкумина на кои им истекува договорот“, додаде Германецот.