Манчестер Јунајтед денес и официјално ќе го претстави Ралф Рангник за нов менаџер до крајот на сезоната.
Рангник ќе ги води „црвените ѓаволи“ до крајот на сезоната, а потоа ќе остане во клубот како консултант за трансфери.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Германецот ќе сака да го освежи тимот во зимскиот преоден рок, а за таа цел клубот од „Олд Трафорд“ му обезбеди буџет од 100 милиони фунти.
Главни трансфер цели на Рангник во зимскиот преоден рок ќе бидат Кристофер Нкунку и Амаду Ајдара од Лајпциг. Притоа, новиот менаџер ќе им ја отвори излезната врата на некои фудбалери кои не добиваат голема минутажа.