Серхио Рамос минатото лето како слободен играч од Реал Мадридп ремина во ПСЖ.
Во главниот град на Франција Рамос не се наигра многу, големи проблеми му правеа и честите повреди кои ги имаше од летото 2021 година. Неговиот договор со шампионот на Франција има важност до летото 2023 година, а интерес не недостасува.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Би-Би-Си“ пренесува дека Рамос се наоѓа на „радарот“ на Интер Мајами од американската МЛС. Клубот кој го предводи Дејвид Бекам би сакал уште ова лето да го доведе Рамос.
Меѓутоа, Серхио Рамос било првото звучно име за кое размислува Бекам. Во последните недели се разговарало за можен трансфер на Суарез, Жорди Алба и Серхио Бускетс. Сепак, останува да се види колку Бекам ќе успее во своите намери.
Кога е Рамос во прашање сезонава запиша само осум настапи за ПСЖ, седум од нив беа во Лига 1 и успеа да постигне еден гол.