Серхио Рамос е свесен дека неговиот тим мора да слави во саботното „Ел Класико“.
Пред натпреварот кој ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“, Барселона има предност од 11 бодови во однос на Реал и така евентуална победа на Каталонците во овој натпревар би можела да значи и крај на надежите на Реал дека може да дојде до титулата во Примера оваа сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Тоа ќе биде одличен натпревар. Не постојат зборови со кои може да се опише „Ел Класико“. Тоа е целосно поинаков натпревар и е најважен во светот. Во овој момент имаме поголема обврска да славиме од било кога, тоа е така поради ситуацијата во која се доведовме. Сега сме во добра форма и добро расположение, го освоивме Светското клупско првенство, се надевам дека ќе ги освоиме трите бода“, изјави Рамос.
Големото дерби на шпанскиот фудбал, 175 по ред во Ла Лига ќе се игра во сабота со почеток во 13 часот.