Дома Трансфер зона Рамос отворено го повика Хари Кејн во Реал Мадрид

Рамос отворено го повика Хари Кејн во Реал Мадрид

Капитенот на Реал Мадрид и шпанската репрезентација зборуваше за медиумите пред вечерашниот дуел со Англија во Лигата на нации.

Рамос на теренот ќе води битка со Хари Кејн, фантастичниот напаѓач на Тотенхем кој веќе долго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дефанзивецот смета дека Кејн би бил идеален фудбалер за шпанската лига, особено ако го облече дресот на Реал Мадрид.

„Кејн е и физички и ментално фантастичен напаѓач, а исто така и технички. Секогаш може да ве изненади со нешто ново, но нема нема бидејќи добро се подготвив за него“, истакна Рамос и додаде.

„Таков напаѓач идеално би се вклопил во шпансата лига, мислам дека Кејн е идеален за играње во Шпанија“.

Хари Кејн за Тотенхем до сега има одиграно 223 натпревари на кои постигна 146 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …