Дома Фудбал Рамос: Никогаш нема да славам победа против Реал

Рамос: Никогаш нема да славам победа против Реал

Серхио Рамос после цели 16 години го напушти Реал Мадрид и како слободен играч се пресели во Пари Сент Жермен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рамос изгради легендарен статус на „Сантиаго Бернабеу“, а сега прв пат како играч на ПСЖ даде интервју за шпанските медиуми.

Дефанзивецот имаше само убави зборови за својот поранешен клуб и ги израдува навивачите дека никогаш нема да слави против Реал Мадрид.

„Не би славел гол против Реал. Тој клуб е мое семејство и е во моето срце. Заслужуваат почит“, истакна Рамос.

Едно од прашањата се однесуваше и на можноста за играње во Лига на шампиони против својот поранешен клуб.

„Размислувам само за тоа дали во ПСЖ играм на највисоко ниво. Почнувам од нула во новиот тим и ќе дадам максимум. Се чувствувам добро поради предизвиците. Никогаш нема да славам победа против Реал“, одговори дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кукуреја лета на Светското, а во Реал Мадрид ги тријат рацете

Марк Кукуреја игра одлично на Светското првенство. Се истакнува со физика, фудбалски вешти…