Дома Фудбал Останато Рамос нема вечерва да дебитира за ПСЖ

Рамос нема вечерва да дебитира за ПСЖ

Серхио Рамос на почетокот на овој месец го напушти Реал Мадрид и одлучи кариерата да ја продолжи во дресот на ПСЖ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рамос во ПСЖ потпиша договор на две години и се очекува да биде големо засилување за одбраната на францускиот клуб.

35 годишниот дефанзивец се приклучи на припремите на ПСЖ и се очекуваше вечерва да дебитира за ПСЖ, но тоа нема да се случи.

Рамос веќе пропушти три припремни натпревари затоа што Покетино не сакаше ништо да ризикува поради проблемите со коленото, но се најавуваше дека вечерва ќе игра.

Сепак, денес од францускиот клуб потврдија дека Рамос нема да биде во конкуренција за овој натпревар затоа што се уште има проблем со повредата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трагичарот на Аргентина од финалето на Светското првенство го прекина молкот (Видео)

Енцо ФернандеЗ се огласи со емотивна порака по финалето на Светското првенство, во кое во …