Дома Топ вести Рамос: Меси му пријде на судијата во тунелот, а потоа критериумите се променија

Рамос: Меси му пријде на судијата во тунелот, а потоа критериумите се променија

Реал Мадрид синоќа не успеа да го совлада големиот ривал Барселона и така каталонскиот клуб остана непоразен во оваа сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот на Камп Ноу заврши со резултат 2:2 иако Реал во цело второ полувреме играше со играч повеќе. После натпреварот пред медиумите се обрати капитенот на гостинскиот тим Серхио Рамос кој изнесе жестоки обвиненија на сметка на Лео Меси.

„Меси изврши мал притисок на судијата на полувремето во тунелот. Не знам дали камерите тоа го снимили. Ова е фудбал и се треба да остане на теренот и тоа мора да го почитувате.“ – изјави Рамос.

Сепак, после изјавата на дефанзивецот на кралскиот клуб на интернет се појави фотографија од записникот на главниот судија. Во истиот се наведува дека немало никаков разговор  со Меси со што се донесува во прашање искреноста за изјавата на Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лапорта се врати од Америка и потврди голем трансфер за Барселона

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, минатите денови престојуваше во Соединетите Амер…