Дома Трансфер зона Рамос до крајот на неделата станува играч на ПСЖ

Рамос до крајот на неделата станува играч на ПСЖ

Досегашниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос до крајот на неделата ќе стане нов фудбалер на Пари Сен Жермен со кој ќе потпише договор на две години, пренесуваат бројни медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Рамос кон средината на јуни потврди дека нема да го продолжи договорот со Реал Мадрид кој му истече на 30. јуни, а ПСЖ од почетокот важеше како фаворит за неговиот потпис.

Клучна точка во преговорите со ПСЖ била истата што и со Реал, должината на договорот, но изгледа дека и тоа е надминато, па до крајот на неделата Рамос би требало да биде претставен на „Паркот на принцовите“.

Ова веројатно значи дека искусниот стопер успеал да го добие тоа што го посакува, голем договор, нова средина и предизвик. ПСЖ од друга страна добива стопер од светска класа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…