Арон Рамзи пристигна во Јувентус како големо засилување, но не ги оправда во целост очекувањата во Торино.
Рамзи е еден од најплатените фудбалери во тимот, па Јувентус сака да се ослободи од неговата висока плата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Велшанецот е на излезни врати и веќе во јануари може да си замине од Јувентус.
За Рамзи интерес покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, но најконкретен е Њукасл, кој веќе започнал преговори со неговиот агент.
Новите сопственици на Њукасл се спремни да вложат голема сума на пари за засилување на тимот и сакаат со богата понуда да го убедат Велшанецот да се пресели на „Сент Џејмс Парк“.