Дома Македонски спорт Рамадани и Вандески македонски претставници на ЕП У23 во Талин

Рамадани и Вандески македонски претставници на ЕП У23 во Талин

Од денеска 8ми јули до 11ти јули во Талин, Естонија ќе се одржи Европското првенство до 23 години. Македонија ќе има двајца претставници.

Талин, Естонија ќе биде во центарот на вниманието на атлетските случувања во Европа. Овој град ќе биде домаќин на Европското првенство до 23 години. Континенталното натпреварување почнува од денеска се до 11ти овој месец, главната база ќе биде Кадриорг Стадионот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија ќе има двајца претсавници. Сенад Рамадани е пријавен на две трки. 20-годишниот Рамадани, денеска со почеток во 10:40 часот ќе се натпреварува на 400 метри, додека следниот ден 9ти јули со почеток во 12:40 часот ќе се натпреварува на 200 метри.

Во Талин ќе биде и Леонид Вандески. Неговата трка е закажа за 9ти јули во 16:05 часот, тој ќе се натпреварува на 3.000 метри стиплчес.

Распоредот од сите трки на Европското првенство во Талин можете да го видите на следниот линк: https://liveresults.european-athletics.com/en/results/athletics/daily-schedule.htm?fbclid=IwAR3KUfZvv2GxBVnpbi8XzMQI0Gpa0lIRtWs-eoPCogEe9sEUQg8TR_vK_og<<

Додека пак стриминг од трките можете да гледате на следниот линк: https://www.watchathletics.com/schedule/watchlive/5929?fbclid=IwAR2DhjuDx0xIbXEBMfr3F9QWs0t0lJu1T2SUbXtioZdLajJlZXRJRl5pKEg<<

РАСПОРЕД

8. ЈУЛИ/10:40 ЧАСОТ

Сенад Рамадани 400 метри

9. ЈУЛИ/12:40 ЧАСОТ

Сенад Рамадни 200 метри

9. ЈУЛИ/16:05 ЧАСОТ

Леонид Вандески 3.000 метри стиплчес

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…