Дома Македонски спорт Мак ракомет Ракометарите со победа над Романија го освоија „Трофејот Карпати“

Ракометарите со победа над Романија го освоија „Трофејот Карпати“

Ракометната репрезентација на Македонија го освои  турнирот „Трофеј Карпати“ со победата над домаќинот Романија со резултат 24:20.

Во првото полувреме домаќините беа оние кои го диктираат темпото, а со тоа и резултатот, па на одмор заминаа со два гола предност 12:10.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во првите петнаесетина минути од второто полувреме противникот постигна само четири гола, а нашите ракометари го искористија тоа за да направат пресврт за конечна победа од 20:24.

На овие тест мечеви бевме без Лазаров, Талески, Кузмановски, Манасков, Ристовски, воглавно настапија помладите кои се борат за место во конечниот список патници за континенталниот собир.

 Нашиот репрезентативец Марио Танкоски е најкорисниот играч на турнирот, а Никола Митревски беше прогласен за најдобар голман.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …