Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ на шпанските медиуми им откри каква драма преживеал пред историското полуфинале со Англичаните.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За среќа ѕвездата на Барселона успеа да се опорави и одигра фантастично цели 120 минути.
„Ноќта во пресрет на полуфиналето имав покачена температура кој стигна и до 39 степени. Лежев без сила и беспомошно во креветот. Стравував дека можеби ќе го пропуштам мечот со Англија. Вредеше. Ако треба, финалето ќе го играм и без една нога“, изјави Ракитиќ.
Ракитиќ протоа стана рекордер со најмногу одиграни натпревари во една сезона – финалето во недела ќе биде негов 71. натпревар од почетокот на сезоната.
Тој одигра 55 натпревари за Барселона и 15 за Хрватска со што го израмни рекордот од 70 натпревари на Бразилецот Вилијан.