Дома Топ вести Ракитиќ конечно се огласи и откри каде ќе ја продолжи кариерата!

Ракитиќ конечно се огласи и откри каде ќе ја продолжи кариерата!

Иван Ракитиќ синоќа ги одигра сите 90 минути за Барселона на гостувањето кај Ваљадолид, а потоа се огласи околу својата иднина.

Ракитиќ беше трансфер мета на Пари Сент Жермен, кој му понуди богат договор, но Хрватот изјави дека нема шанса да ја напушти Барселона, иако заедно со семејството размислувал за понудата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Изминативе денови беа денови за размислување и за зборување за многу работи. Бележам четири фантастични години во овој тим и би сакал да останам уште многу години на ова место. Да бидам дел од најдобриот клуб во светот е најдоброто нешто што може да ви се случи. Разговарав со мојата сопруга и со мојот агент Артуро. Нема подобро место за мене од Барселона, ќе дадам се од себе за овој клуб. Многу сум благодарен за поддршката која ја добив од Валверде, од соиграчите и од луѓето во клубот“, изјави Ракитиќ.

Последните информации од Шпанија говорат дека Барселона била спремна да прифати 90 милиони евра, но Ракитиќ ја одбил понудата од ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид добил понуда од 45 милиони евра за Ѓулер

Aрсенал знаел да добие одлично засилување од Реал Мадрид, а пример за тоа е Мартин Одегард…