Шпанскиот фудбалски гигант Барселона официјално прогласи пет играчи за клупски легенди.
Иван Ракитиќ, кој моментално настапува во Саудиска Арабија, го најде своето место меѓу легендите на Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во листата која брои 108 имиња тој беше претставен заедно со Бразилецот Нејмар.
Ракитиќ настапуваше за Барселона од 2014 до 2020 година забележувајќи 333 настапи, 40 постигнати голови и 42 асистенции.
Покрај споменатите двајца место меѓу легендите на клубот најдоа и Хулиано Белети, Педро Родригес, Давид Виља.