Според многумина во фудбалскиот свет, Хрватска на Мундијалот во Русија игра најубав фудбал, а после големата победа над Аргентина цел свет на Хрватите гледа како една од репрезентациите која претендира за највисок дострел.
Хрватска има фантастична генерација и тоа е јасно, а во осминафиналето ќе се сретнат против Данска против која според прикажаното во досегашниот тек на Светското првенство ќе бидат големи фаворити.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пред овој натпревар на конференцијата за медиуми зборуваше играчот за врска на „Коцкестите“, Иван Ракитиќ.
Ракитиќ потенцираше дека Хрватска во овој момент има одличен тим, како и дека доколку стигнат до светската титула сите мирно можат да се простат од репрезентацијата.
„Не знам дали ова е последно големо натпреварување за оваа генерација, ќе видиме. Ќе се бориме едни за други за секоја топка. Сакаме да одиме чекор по чекор, прво тука е Данска, сите сакаме да го продолжиме нашиот пат. Ако на крајот го подигнеме трофејот, сите можеме мирно да се простиме од репрезентацијата“, изјави Ракитиќ.