Дома Трансфер зона Раи: Барселона го понудила Гризман на Јувентус и побарала двајца играчи, плус пари

Раи: Барселона го понудила Гризман на Јувентус и побарала двајца играчи, плус пари

Само што ја направија размената Артур – Пјаниќ медиумите пишуваат за нова можна трампа на истата реалција.

Италијанската телевизија „Раи“ пренесува дека Барселона го понудила Антоан Гризман на Јувентус. Наводно, Каталонците за да го испратат Гризман во Торино ги побарале Рабио, Даглас Коста и плус пари за ворзварт.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона минатото лето за Гризман плати 120 милиони евра, па и поради неговиот пад во формата тие го ценат Французинот на околу 100 милиони евра. Од друга страна „Трансфермаркт“ споменатиот тандем на Јувентус го проценува на 25 милиони евра.

„Раи“ наведува дека Јувентус е заинтересиран за ваква размена и дека преговорите се започнати. Се истакнува дека двата клуба и така се во добри односи. Истиот извор дополнува и дека Барселона сака да се ослободи од Гризман затоа што тој не е во добар однос со Меси.

Од друга страна Италијанците сметаат дека Роналдо и Гризман би биле одличен тандем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ричарлисон: Психолог ми ја спаси кариерата

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон откри дека имал психолошки проблеми и дека во еден момент с…