Дома Трансфер зона Раиола се договорил со Јувентус за двајца свои клиенти?

Раиола се договорил со Јувентус за двајца свои клиенти?

raiola

Контроверзниот менаџер има наводно договор со Јувентус за двајца играчи и сака работата што побрзо да биде завршена.

Италијанските медиуми тврдат Раиола сака двајца свои клиенти да завршат во Торино. Според италијанските медиуми, Раиола се договорил со Недвед околу Де Лихт. Сепак на Јувентус му преостанува потешкиот дел, а тоа е договор со Ајакс.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Јувентус е спремен да плати 50 милиони евра за еден од најталентираните стопери во Европа, за работата да ја заврши во јануари, а потоа би го оставил Де Лихт на позајмица во Ајакс до крајот на сезоната.

Вториот играч е Пол Погба. Медиумите се убедени дека Раиола му дал ветување на Погба дека ќе го врати во Торино. Погба сака да се врати во Јувентус каде што има многу пријатели и соблекувалната би го пречекала со раширени раце.

Што ќе се случи останува да видиме, но веројатно поради големите суми Јувентус би требало и да жртвува некои свои играчи.

Треба да се спомене и дека Јувентuс и Раиола се во блиски односи и често пати клиентите на овој човек и тоа како и се исплатеа на „старата дама“. Ќе потсетиме, Раиола беше менаџер и на Недвед додека тој играше фудбал.

https://www.youtube.com/watch?v=ggv8y1QaNGM

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Официјално: Потврдено новото засилување на Рома!

Французинот Флорен Гизолфи ќе стане нов спортски директор на Рома, објави неговиот досегаш…