Дома Трансфер зона Раиола решава за иднината на Де Лихт, тој преферира трансфер во ПСЖ или Ливерпул

Раиола решава за иднината на Де Лихт, тој преферира трансфер во ПСЖ или Ливерпул

Стоперот на Ајакс, Матијас де Лихт со своите игри оваа сезона го привлече вниманието на европските гиганти и се очекува да биде главна ѕвезда на трансфер пазарот ова лето.

Најголемите европски клубови се борат за потписот на младиот дефанзивец, а тој ќе мора да избере една, од петте понуди кои ги има на маса.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонски „Спорт“ ги соопшти имињата на клубовите кои испратиле понуда за Де Лихт. Очекувано, Барселона е најсериозен кандидат, а покрај шпанскиот шампион за неговите услуги во трка се уште ПСЖ, Јувентус, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Сепак, сите тимови имаат само еден услов. Бараат Де Лихт да одлучи за седум дена и да ја соопшти конечната одлука, за да можат да бараат алтернативи на трансфер пазарот.

Весникот тврди дека Де Лихт одлуката за продолжување на кариерата му ја препуштил на својот менаџер, Мино Раиола. Италијанскит менаџер ги преферира Пари Сент Жермен и Ливерпул, па во моментов овие два клуба се во пол-позиција за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…